Полјаците со топло изненадување кон младите фудбалери – Добредојдевте, Тоше Проески, предизвик!!! (ВИДЕО)

Македонската млада фудбалска репрезентација наиде на топло добредојде од домаќините во спортскиот центар во Гдиња каде деновиве течат подготовките за првиот натпревар на Европското првенство, против Шпанија на 17. мај…

Сето тоа преточено низ прекрасен видео материјал како кратка најава за очекувањата на македонскиот национален тим за овој шампионат.

„Верувам дека нашиот стадион во Гдиња ќе биде среќен за вас“ истакна членот на организацискиот комитет на ЕП за Гдиња, Павел Брутел пред селекторот на македонската репрезентација Благоја Милевски, кој возврати: „Искрено се надевам!“.

А, Милевски потоа доби и предизвик од домаќините – Доколку се победи Шпанија да испее песна од најпопуларниот македонски поп-пејач во историјата, Тоше Проески…

„Одличен предизвик, но сепак ќе го пренесам на еден од нашите репрезентативци кој е одличен пејач“ – низ насмевка се снајде селекторот Милевски.