Погба надвор од фудбалските терени четири до шест недели

Пол Погба против Базел во Лигата на шампионите на теренот издржа само 20 минути и мораше да биде повлечен од игра откако се пожали на повреда.

Во прв момент се говореше дека играчот ќе паузира околу две недели, но последните извештаи носат полоши прогнози. Медиумите од „Островото“ пренесуваат дека Французинот ќе биде надвор од стројот еден месец, а постои можност паузата да трае и до шест недели.

Според информациите тој ќе ги пропушти дуелите против Евертон, Саутемптон, Кристал Палас и Ливерпул во Премиерлигата, средбата со Бартон во Лига Купот како и пресметката со ЦСКА Москва во фудбалската Лига на шампиони.

Пол Погба исто така нема да биде во комбинација и за натпреварите на Француската фудбалска репрезентација против Бугарија и Белорусија во квалификациите за мундијалот во Русија.