Пензионерите извисени, укинато покачувањето, трошоците за живот се зголемуваат

Во време кога Македонија влегува во рецесија и се зголемуваат трошоците за живот, Владата на СДСМ ги извиси пензионерите го укина зголемувањето на пензиите.

Четири месеци по ред расте индексот на трошоците на живот во споредба со истиот период лани.

Индексот на трошоците на животот во септември 2017 година, во споредба со септември 2016 година, бележи пораст од 1.7 отсто, а индексот на цените на мало бележи пораст за 4.1 процент, објави Државниот завод за статистика.

Ваквиот раст се бележи откако СДСМ и Зоран Заев дојдоа на власт.

Ова не е единствениот економски податок кој оди во негативен правец по доаѓањето на СДСМ на власт.

Трет месец последователно се бележи пад на индустриското производство, извозот, пониската просечна плата и другите негативни индикатори со што е намалена конкурентноста на македонската економија.

Пред изборите СДСМ ветуваше зголемување на пензиите, а потоа само продолжи со своите лаги. Се обидоа со „извртена математика“, со менување на изјави, со погрешни пресметки и со манипулирање

Пред да дојде СДСМ на власт, пензионерите од Владата на ВМРО-ДПМНЕ речиси секоја година добиваа по 670 денари месечно покачување. Сега, наместо покачување, СДСМ на пензионерите им “протнува“ порамнување од само 180 денари месечно.

Пензионерите уште минатиот месец реагираа на тоа што пензиите им останаа исти.

-Немам покачување јас. Со 8.000 пензија сум. 23 години имам стаж, тогаш не избркаа во 2002 година од Нова Македонија, стажот не ни го плаќале, ништо не ни даваа. Чекавме до пензија, вели една од анкетираните пензионерки која додава:

-Ништо, нема ништо. Какво покачување, кој ти дава. Да е здрав и жив Груевски, имаше покачување, но овој гледа 1 отсто, што е тоа?

Друга пензионерка коментира дека нема никакво покачување на пензиите.

-Нема покачување. Дали ќе биде и тој 1 посто. Сега нема никакво покачување. Колку сум зела минатиот месец, толку сум зела и сега. Значи нема никакво покачување, вели таа.