Откријте го карактерот според месецот на раѓање

Јануари

Ако сте родени во јануари, вашиот владејачки број е 1. Вие сте независни и родени лидери. Имате потреба да се истакнете и сте познати по вашата креативност, генијалност и способноста да направите нешто да се случи. Бидејќи сте харизматични, луѓето ве следат без многу прашања. Најверојатно водите потрадиционален живот од другите.

Особини на личностите родени во јануари

Тврдоглави, амбициозни и сериозни. Обожаваат да учат и да бидат учени. Никогаш не ги гледаат мааните и слабостите на луѓето. Трудољубиви и продуктивни. Паметни, уредни и организирани. Знаат како да ги направат другите среќни. Тивки се, се додека не се возбудени или напнати. Воздржани. Полни со љубов и верни. Сакаат деца. Имаат одлични социјални способности. Внимателни се со парите и многу успешно раководат со нив.

Што велат научниците за нив?

Луѓето родени во јануари, статистички имаат поголеми шанси да развијат Алцхајмерова болест, Кронова болест и епилепсија. Научниците претпоставуваат дека причината за ова е тоа што тие се изложени на помалку сончева светлина во првите месеци од нивниот живот. Ова може да предизвика пречки во развојот, како и да ги направи поподложни на одредени болести.

Февруари

Ако сте родени во февруари, бројот 2 има најголемо влијание кај вас. Вие сте силни емпати. Врските ви значат многу и ќе го потрошите поголемиот дел од вашиот живот барајќи ја вистинската личност. Исто така, многу е веројатно да станете депресивни доколку не ја најдете вистинската личност за да ја љубите. Може да ви биде тешко да се задоволите со самите себе. Луѓето родени во овој месец обожаваат да се грижат за другите и се одлични родители.

Особини на личностите родени во февруари

Ја сакаат реалноста и апстрактното. Интелигентни и паметни. Променливо однесување. Атрактивни. Тивки, срамежливи и скромни. Искрени и лојални. Одлучни да ја постигнат целта. Сакаат слобода. Бунтовни кога се притиснати. Премногу чувствителни. Се лутат многу лесно, но не го покажуваат тоа. Амбициозни. Сакаат забава. Суеверни и забавни.

Што велат научниците за нив?

Овие луѓе многу е веројатно да станат уметници. Исто така се склони кон проблеми со спиењето. Причината за ова е тоа што луѓето родени во февруари повеќе ги сакаат вечерните часови бидејќи биле изложени на помалку светлина во нивните први месеци. Стандардното работно време можеби не е за нив.

Март

Ако сте родени во март, бројот 3 има големо влијание на вашиот живот. Многу често се наоѓате на вистинското место во вистинското време. Можно е да ви биде судено да бидете славни. Имате способност да заработите многу пари, но и да ги изгубите многу брзо. Можеби ви е тешко да останете во една врска бидејќи сте склони кон неверство. Исто така сте посклони кон зависности и пороци за разлика од другите. Имате тенденција никогаш да не пораснете, но ова е дел од работите што ве прават толку лесни за сакање.

Особини на личностите родени во март

Привлечни личности. Приврзани. Срамежливи и воздржани. Таинствени. Искрени и дарежливи. Сакаат мир и да им служат на другите. Лесно се нервираат. Ја ценат и ја возвраќаат љубезноста. Сакаат патување и сакаат внимание. Избрзуваат во одбирањето на партнер. Талентирани за музика. Имаат променливо расположение.

Што велат научниците за нив?

Луѓето родени во март имаат големи шанси да добијат астма. Научниците велат дека ова се случува бидејќи мајките имале недостаток од витамин Д, кој се активира со помош на сончевата светлина. Недостатокот на витамин Д исто може да го попречи развојот на мозокот, па овие луѓе може и да не бидат најдобри ученици. Најверојатно ќе градат некоја неконвенционална кариера, како таа на уметник.

Април

Ако сте родени во април, 4 е вашиот влијателен број. Може да ве гледаат како тврдоглави и импулсивни. Од друга страна, вие сте многу креативни и интелигентни. Вие сте роден лидер и сте многу амбициозни. Вашиот шарм ќе ви помогне да привлечете многу пријатели и љубовници во текот на животот. Треба да се потрудите да не ги оттргнувате луѓето од себе. Штом ќе намислите нешто, ништо не може да ве сопре во остварувањето на вашата цел.

Особини на личностите родени во април

Активни и динамични. Одлучни и брзи, но знаат и да зажалат. Привлечни. Сакаат внимание. Добри советници, пријателски настроени и сакаат да ги решаваат проблемите на другите. Храбри и бестрашни. Авантуристи. Љубезни и грижливи. Учтиви и дарежливи. Агресивни. Имаат добра меморија.

Што велат научниците за нив?

Луѓето родени во април е многу веројатно да станат алкохоличари. Повторно, недостатокот на сончева светлина е причината. Исто така се подложни на аутизам, депресија и на сезонско афективно растројство.

Мај

Родените во мај се управувани од бројот 5. Изразувањето ви е многу важно и можеби сте талентиран музичар, актер или писател. Имате почит кон авторитетите и верувате во бракот. Вашите пријатели ви се поважни од сè и поминувате голем дел од времето во социјализирање. Сепак, одвреме-навреме имате потреба да бидете сами. Времето поминато во природа, сами, може многу да ви помогне за да воспоставите рамнотежа.

Особини на личностите родени во мај

Тврдоглави. Имаат голема мотивација. Остри мисли. Лесно се нервираат. Привлекуваат други и обожаваат внимание. Убави, и физички и психички. Не им треба дополнителна мотивација. Сакаат да сонуваат. Имаат бујна фантазија. Сакаат литература и уметност. Сакаат патување и не сакаат да бидат дома. Обично немаат многу деца. Вредни, со ведар дух.

Што велат научниците за нив?

Овие луѓе се склони кон дијабетес и глаукома. И ова има врска со изложувањето на светлина. Недостатокот на сончева светлина може да има влијание во разни фази од развитокот. Исто така, овие луѓе имаат понизок коефициент на интелигенција поради истата причина.

Јуни

Ако сте родени во јуни, бројот 6 владее со вашата судбина. Вие сте многу романтични, но и многу љубоморни. Исто така сте и одличен љубовник. Вашиот љубовен живот обично е многу комплициран. Кариера поврзана со креативност е најдобриот избор за вас. Вашата најголема слабост е озборувањето. И покрај тоа, вие сте многу добра и љубезна личност. Не сакате деца, но постарите роднини можат да ви значат многу.

Особини на личностите родени во јуни

Размислуваат долгорочно. Учтиви. Имаат многу идеи. Чувствителни. Се двоумат и може да одложуваат работи. Пребирливи и секогаш го сакаат најдоброто. Темпераментни. Интересни и со смисла за хумор. Разговорливи. Пријателски настроени. Лесно се спријателуваат. Брзо им станува здодевно. Тврдоглави. Ретко покажуваат емоции. Им треба повеќе време да преболат кога некој ќе ги повреди.

Што велат научниците за нив?

Најмногу Нобелови награди имаат добиено луѓе што биле родени во јуни. Тие конечно ја добиваат потребната светлина откако ќе се родат. Но, поради недостаток на светлина додека се во матката, можно е да имаат проблеми со видот.

Јули

Според нумерологијата, ако сте родени во јули, бројот 7 е вашиот владетел. Вие сте искрена личност. Се грижите за семејството и би направиле сè за да ги заштитите вашите врски. Може да бидете цинични и саркастични и малку осамени, што може да ги збуни оние кои се грижат за вас. Луѓето родени во овој месец можат да бидат ексцентрични, посебно во начинот на облекување и некои животни навики. Многу луѓе родени во јуни се генијалци, но исто така се чувствителни и склони кон депресија.

Особини на личностите родени во јули

Забавно е да се биде во нивно друштво, но понекогаш е тешко да ги разберете. Горди се на себе. Искрени се. Се грижат за чувствата на другите. Чувствителни се и внимателно ги избираат пријателите. Немаат тешкотии во учењето. Сакаат да бидат сами. Имаат тешкотии при создавање нови пријателства.

Што велат научниците за нив?

Имаат проблем со исхраната. Лесно се повредуваат, но им треба долго време да заздрават.

Август

Ако сте родени во август, вашиот владејачки број е 8. Вие се стремите да го гледате доброто во другите. Една од вашите слабости е проблемот со здравјето бидејќи работите многу. Често сте препознатливи по вашата способност да ги инспирирате другите. Многу лесно заработувате пари.

Особини на луѓето родени во август

Сакаат да се шегуваат. Привлечни. Храбри и бестрашни. Премногу дарежливи. Љубоморни. Внимателни. Брзо размислуваат. Сакаат да водат. Талентирани се за уметност, музика и одбрана. Романтичари. Сакаат да создаваат пријателства.

Што велат научниците за нив?

Луѓето родени во август е многу веројатно да имаат проблеми во училиште. Имаат 30 проценти поголеми шанси да бидат „обележани“ како проблематични ученици од страна на наставниците. Обично се помладите деца во класот, па имаат проблем да бидат во тек со предавањата.

Септември

Ако сте родени во овој месец, бројот 9 ви е од голема важност. Веројатно ќе имате многу улоги во вашиот живот бидејќи сте интелигентни и флексибилни. Исто така сте и многу добро организирани. Вашата најголема слабост е депресијата. За да успеете, понекогаш треба да го исклучите вашиот внатрешен глас кој ве критикува.

Особини на луѓето родени во септември

Внимателни и организирани. Тврдоглави. Тивки. Верни. Чувствителни и многу дарежливи. Имаат добра меморија. Можат самите да се мотивираат. Сакаат спорт. Ретко покажуваат емоции и се чуваат во себе. Претенциозни, посебно кога станува збор за врски.

Што велат научниците за нив?

Најдобрите во училиштето се најчесто родени во овој месец, бидејќи речиси секогаш се најстарите во класот. Големи се шансите да завршат факултет и да изградат кариера.

Октомври

Ако сте родени во октомври, вашиот број е 10. Вие имате многу среќа. Кога ќе си поставите цел, речиси секогаш ја постигнувате. Негативната страна на вашата личност е тоа што многу лесно влегувате во расправии и сакате да се одмаздите. Ако можете да се справите со вашите „демони“, можете да успеете повеќе од што сте замислувале. Имате потенцијал да бидете лидер во вашата област.

Особини на луѓето родени во октомври

Обожаваат да разговараат. Секогаш ја возвраќаат љубовта. Пријателите им се од голема важност. Лесно се повредуваат но и лесно преболуваат. Лојални. Не им е грижа што мислат другите. Сакаат патување, уметност и литература. Знаат да бидат љубоморни, но секогаш се искрени. Лесно ја губат довербата. Сакаат деца.

Што велат научниците за нив?

Овие луѓе живеат најдолго. Во просек, живеат околу 160 дена повеќе од оние кои се родени во пролет. Причината за ова е светлината која ја примаат во текот на бременоста и во раниот развиток.

Ноември

Ако сте родени во ноември, бројот 11 е важен за вас. Вие сте емпати. Како и да е, понекогаш вашата чувствителност може да ве порази и тоа да доведе до стрес и психолошки проблеми, како што се замор и депресија. Многу често сте пример за другите и би биле одличен учител.

Особини на луѓето родени во ноември

Имаат многу идеи. Тешко е да ги разберат. Уникатни и брилијантни. Можат да бидат добри лекари. Таинствени. Секогаш размислуваат за нешто. Не зборуваат многу. Храбри и дарежливи. Стрпливи. Сакаат да бидат сами и размислуваат поразлично од другите. Романтични. Несигурни во врските. Не можат да си ги контролираат емоциите.

Што велат научниците за нив?

Луѓето родени во ноември се песимисти. Причината за ова е бидејќи имаат недостаток од допамин, „хормонот за среќа“, што е исто поврзано со изложувањето на светлина по раѓањето.

Декември

Ако сте родени во декември, вашиот број е 12. Вие сте филозоф. Исто така имате многу среќа, па љубовта и богатството лесно доаѓаат кај вас. Имате активен социјален живот. Проблемот кај вас е тоа што се сметате за премногу среќни, па некогаш превземате големи ризици. Клучот до вашиот успех е да сфатите дека сепак не сте бесмртни.

Особини на луѓето родени во декември

Лојални и дарежливи. Патриоти. Амбициозни и сакаат да се дружат. Искрени. Имаат краток темперамент.

Што велат научниците за нив?

Луѓето родени во овој месец имаат големи шанси да бидат со астма или алергии. Можеби причината за ова е затоа што се родени кога гриповите и другите вируси имаат најголем замав. Недостатокот на светлина во првите месеци од животот може да предизвика биполарно растројство кај овие луѓе.