Овие две работи не правете ги во Грција !

Најлошото нешто што може да го направите е да ја доближувата дланката до лицето на некого. Ова не треба да го правите ни на шега. На некои места, дури не треба ни предолго да гледате во некого, посебно во деца, бидејќи Грците мислат дека на тој начин можете да им пренесете несреќа.

Прешачките премини во Грција се само боја на улиците и возачите ретко застануваат за да ве пуштат да поминете. Ако сакате да поминете на пешачки премин каде што нема семафор, прво добро погледнете на сите страни за да бидете сигурни дека нема автомобили.