Нов пораз на Реал Мадрид во Евролигата

Повредите на центрите Кузмиќ и Ајон оставија голема трага врз играта на Реал Мадрид, па „кралевите“ на гостувањето против Басконија го претрпеа и третиот пораз во низа во Евролигата 105-75.

Панатинаикос немаше милост за Химки, декласирајќи го лидерот во пресрет на ова коло со преубедливи 93-65. Рускиот тим немаше никакви шанси за успех во Атина, ПАО уште во раната фаза стигна до двоцифрена предност што ја зголемуваше буквално до самиот финиш. Денмон со 24 поени беше клучна фигура кај победничкиот тим, додека кај Химки единствен до двоцифрен ефект стигна Швед (17 поени).

Анадолу Ефес по триумфот во Барселона забележа уште една голема победа на гостински терен, овојпат во Тел Авив над Макаби со 72-92.

На последиот меч од вчерашната програма Жалгирис ја победи Уикаха после едно продолжение со 85-83.