Нов договор од 65 милиони фунти за Мурињо

Англискиот фудбалски клуб Манчестер јунајтед ќе му понуди нов, петгодишен договор на Жозе Мурињо вреден 65 милиони фунти.

Моменталната плата од актуелниот тригодишен договор на португалскиот стратег изнесува 10 милиони фунти по сезона, а раководството на „ црвените ѓаволи“ ќе ја награди неговата успешна работа со двојно поголема заработка.

Според информациите од Англија „специјалниот“ ќе се изедначи со платата на Пеп Гвардиола, менаџерот на Сити, која изнесува 13 милиони по сезона, поточно 250.000 фунти неделно и со тоа ќе станат најплатени двајца тренери во светот.