Нов албум на Мерилин Менсон

Две години по објавувањето на албумот „The Pale Emperor“, Мерилин Менсон го промовира новиот албум „Heaven Upside Down“.

Менсон на новиот албум обработува многу теми- насилство, секс, политика, но и романтика. Во песната „KILL4ME“ Менсон бара од своите фанови брутално да му се заколнат на верност.

Бендот кој работеше на новиот албум „Heaven Upside Down“ е составен од композиторот на филмска музија Тајлер Бејтс кој свирии гитара и клавијатури, потоа поранешниот тапанар на „The Dillinger Escape Plan“ Гил Шарон, како и басистот Твиги Рамирез кој свиреше и на претходниот албум на Менсон.

За продукцијата, микс и мастер на албумот беше задолжен Бејтс, а текстовите на песните ги напиша Менсон.

За време на снимањето на десеттиот студиски албум почина таткото на Менсон, Хју Ворнер. Последната песна од албумот „Saturnalia“ е посветена на Ворнер.

Менсон е повреден откако врз него падна дел од метална конструкција за време на концертот во Њујорк, поради што тој ги одложи концертите.