На 10 ноември е роден Greg Lake,еден од основачите на прогресивнот рок

1973, Elton John го започна 8 неделниот престој на врвот на американската топ листа со синлот ‘Goodbye Yellow Brick Road’, негов 3 број 1 во САД.

1975, David Bowie беше прв на топ листата во Британија со синглот ‘Space Oddity’ . Песната за прв пат е објавена во 1969-тата година ,кога Apollo 11 се спушти на Месечината . Bowie подоцна карактерот на Major Tom го вметна и во приказните на ‘Ashes to Ashes’, ‘Hallo Spaceboy’ и ‘Blackstar’.

1948 во Англија е роден басистот , гитарист , композитор и вокалист Greg Lake, член на прогресивните формации King Crimson и Emerson Lake and Palmer. На 12 годишна возраст запонува да свири на гитара , а токму тогаш ја пишува и својата прва песна Lucky Man . Лејк се смета за еден од основачите на прогресивнот рок. Во 1969 година тој ја основа групата „Кинг Крајмсон“, а потоа со Кит Емерсон и Карл Палмер го формира бендот „Емерсон, Лејк и Палмер“.Најдобрата музика е создадена за љубов, не за пари, стои на официјалната страница на Грег Лејк.Тој почина на 7 декември 2016-та по долга борба со ракот .