МУЗИЧКО-КАБАРЕТСКА ВЕЧЕР НА ПРОГРАМАТА НА „ОХРИДСКО ЛЕТО“

Фестивалската сцена во катедралната црква „Света Софија“ вечерва е резервирана за две интересни содржини во рамки на „Охридско лето“, со концертот на француското трио „Маскерина“, како и со кабарето „Зборувај тивко“ со најистакнатите дела на германскиот драматург Курт Вајл.

Ансамблот „Маскерина“ составен од француските уметници Себастијан Берета на барокна флејта, Мари Гијоми на виола да гамба и Николас Ватин на теорбо ќе изведат интересна програма на избрани дела на Куперин, Мараис, Монтеклер, Де Висе, Абел, Кванц, Блаве, Феркереи, Мореи.

Музичко-кабаретската фестивалската вечер во „Света Софија“ почнува од 20:30 часот.