Младите разочарани и измамени, нема ниту збор од ветувањето на СДСМ за младинска гаранција

СДСМ ветуваше младинска гаранција и сигурност, но само пред избори. Младите се разочарани и се чувствуваат измамени од СДСМ. Се повеќе млади лица коментаат на социјалните мрежи дека нема ниту збор од предизброните ветувања на СДСМ за гаранцијата која младите ќе ја имаат.

-Сите предизборни ветувања им беа чиста лага. Ниту еден проект за младината, а Богоев ветуваше дека сите млади ќе бидат вработени или гаранција за дополнително образование. Каква гаранција?!

-Зоране немаш само ти деца, немаш само ти фамилија секој сака да се запише да се школува ама нема секој услови како твоите деца. Засрамете се не се врти се околу вас.

-Се скратија 1,5 милијарди денари наменети за образование, со други зборови се блокираа младите во својот интелектуален развој, за каква младинска гаранција зборуваме? Кратење на интелектуалната сила на Македонија?

-Богац и Туфегџич се борат за градоначалничко место, кој за посвоуање дечиња од страна на геј личности. Толку скокаа за правата на малдите што им ги укинаа сите образовни бенефиции без око да им трепне. За ова ги поддржуваа сите млади кои беа дел од шарената револуција? Тоа беше целта? Драга генерацијо, жал ми е , измамени сме.

Ова се само дел од коментарите со кои се преплавени социјалните мрежи. Младите велат дека СДСМ уште еднаш им го сврте грбот на студентите и ги излажа. СДСМ не даде поддршка на Законот за издавање на вредносни бонови-ваучери, а со тоа ги спречи студентите да добијат 18.600 денари за набавка на компјутери.

Владимир Нелоски, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ вчера истакна дека законот за издавање на вредносни бонови-ваучери кој го поднесе ВМРО-ДПМНЕ, а го одби СДСМ, предвидува редовните студенти од семејства чии месечни приходи не го надминуваат износот од две просечни месечни нето плати, а кои за прв пат се запишуваат во трета и четврта  година на студии на високо образовните установи во Република Македонија да добијат бесплатни компјутери.

Посочи дека СДСМ и после 100 дена откако управуваат со Владата, не само што не отпочнаа ниту еден корисен проект за младите и државата, туку  нанесоа и неизмерна штета.