Михаел Ван Дер Марк ќе го замени Валентино Роси

Михаел Ван Дер Марк ќе го замени Валентино Роси на трката која ќе се вози во Арагон. Холандскиот возач е избран да го замени деветкратниот светски шампион додека заздравува од повредата на ногата.

Назначувањето на Ван Дер Марк како замена за Роси претставува мало изненадување. Во минатото, Кацујуки Нагасуга беше замена за повредените возачи.