МЗТ Скопје Аеродром лесно се справи со Гостивар

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје продолжи да победува во Првата лига и како домаќин во СЦ „Јане Сандански“ со 75-67 (33-29) славеше над Гостивар.

За „штрковите“ ова е четврти триумф сезонава, кој го однесе тимот на четвртото место на табелата, зад Работнички, Блокотехна и Карпош Соколи.

Најдобар поентер кај МЗТ Скопје беше Марко Симоновски кој имаше одличен натпревар и даде 22 поени, додека како втор стрелец заврши Бојан Трајковски со 13 поени. Уште 11 поени во дресот на МЗТ додаде Спасојевиќ, додека кај Гостивар, Јурај Шегариќ и Александар Тодоровиќ завршија со по 18 поени.

Во наредното коло од македонскиот шампионат МЗТ гостува кај Фени Индустри, додека Гостивар е домаќин на лидерот Работнички.