Металург ќе ја одигра сезоната во Лигата на шампионите

Ракометарите на Металург ќе ја одиграат сезоната во Лигата на шампионите, а останува големото разочарување и незадоволство од Европската ракометна федерација после одлуката за случајот со Обрадовиќ.

Со оглед на тоа што казните се огромни никој не би сакал да ризикува суспензија, па затоа во сабота од 17.30 часот во Франција ќе биде одигран дуелот против Монпеље.

Ова ќе биде тешко гостување за „металурзите“ кои сезонава со изменет состав ќе влезат во натпреварите од Лигата на шампионите, но сосема извесно е дека ова ќе биде сезона во која Металург ќе има далеку поголем мотив.

После случувањата со Обрадовиќ и негативниот одговор од ЕХФ имаше најави за бојкот односно откажување, но тоа нема да се случи сезонава. Металург утре патува за Франција така што ќе ја одигра оваа сезона.