Марсело останува „крал“ до 2022 година

Шпанскиот фудбалски клуб Реал Мадрид и левиот бек, Марсело постигнаа согласност да ја продолжат соработката до 2022 година.

29-годишниот бразилски дефанзивец сонува да стави крај на фудбалската кариера на „Сантијаго Бернабеу“, а новиот договор е чекор напред во остварување на неговата желба.

Бразилецот пристигна во Мадрид од Сантош на 18 години во јануари 2007 година и досега има настапено на 415 натпревари за „кралскиот“ клуб.

Пред него се наоѓа Роберто Карлос, кој со 527 меча е единстениот странски фудбалер со најмногу натпревари во историјата на Реал Мадрид.