Мароко во трка за СП во 2026 година

Мароканската фудбалска федерација потврди дека нивната земја ќе биде кандидат за организација на Светското првенство во 2026 година

Крајниот рок за кандидатурата истекува денеска, по што ФИФА ќе ги потврди земјите-кандидати. САД, Канада и Мексико објавија во април дека планираат да имаат заедничка кандидатура.

Светското првенство во фудбал само еднаш се одржувало во Африка – во Јужна Африка во 2010 година, а Мароко веќе четири пати неуспешно се обидуваше да ја добие организацијата.

На СП во 2026 ќе учествуваат 48 клубови наместо сегашните 32, а одлуката за земјата домаќин ќе биде донесена во 2020 година.