Манчестер Јунајтед го посакува во своите редови Асенсио

Според пишувањето на шпанскиот весник „Дон Балон“, Манчестер Јунајтед следното лето ќе стори сѐ за да во своите редови да го донесе фудбалерот на Реал Мадрид Асенсио.

Младата ѕвезда на Реал Мадрид минатата сезона во 38 натпревари постигна десет голови, а oваа веќе седум во 18 настапи. Асенсио има договор со Реал до 2023 година, но прашање е дали ќе го одработи до крај.

Манчестер Јунајтед е подготвен да плати 200 милиони евра, што Реал тешко би одбил, а фудбалерот имаат намера да го привлечат со годишна плата од дури 25 милиони евра и договор на пет години.

Со тоа Асенсио би станал вториот најскап фудбалер во историјата по исплатените 222 милиони евра што ПСЖ ги исплати за Нејмар.