Манчестер Јунајтед со видео го претстави Суперкуп-спектаклот во Скопје (ВИДЕО)

Преостануваат уште два дена до најголемиот спортски настан во историјата на нашата држава – Суперкупот на УЕФА кој го сочинуваат гигантите, Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид.

На 8 август нашиот најголем стадион, „Телеком арена“ ќе биде домаќин на освојувачот на Лигата на шампионите и Лигата на Европа, а овој настан со моќно видео на својата интернет страница го претстави и англискиот великан.