Македонските претставници во Лигата на Европа ги добија своите противници

Македонскиот вицепрвак Шкендија ќе игра против молдавскиот тим Дачија во првото коло од квалификациите во Лигата на Европа. Шкендија на првиот меч ќе игра на гости во Молдавија, а во реваншот ќе ја пречека Дачија на домашен терен.

Освојувачот на Купот, тимот на Пелистер, ќе се сретне со полскиот Лех Познањ. Битолскиот тим првиот меч треба да го игра на гости, а на реваншот ќе ја има улогата на домаќин.

Работнички за противник го доби аматерскиот тим на Тре Пене од Сан Марино. Првиот дуел романтичарите ќе го играат како домаќини додека реваншот ќе се одигра во Сан Марино.

Првите мечеви се закажани за 29 јуни, додека реваншите ќе се одиграат на 6 јули.