Македонија ќе скокне на 103.место на ФИФА ранг листата

Македонската фудбалска репрезентација ќе забележи скок од 32 места на следната ранг-листа на ФИФА и ќе биде на 103. позиција, по победата против Израел на гости и ремито со Албанија дома.

Оваа е најдоброто рангирање за македонската фудбалска селекција во последните три години. Во октомври ни следат нови два натпревари.Првиот меч е со Италија нагости, а потоа и со Лихтенштајн дома, што е нова можност нашиот национален тим уште повеќе да се пробие на ФИФА ранг листата.

фото:sportmedia.mk