Македонија против Норвешка на 11 ноември

Македонската фудбалска репрезентација на 11 ноември (сабота) во Скопје на Националната Арена „Филип Втори“, во пријателски натпревар ќе ја дочека Норвешка.

Речиси се е договорено околу овој меч, останува само да се официјализираат деталите. Инаку ова за селекторот Игор Ангеловски и неговите избраници ќе биде последен натпревар во оваа навистина успешна 2017 година.

Досега на 8 меча имаме 4 победи, 3 ремија и само еден пораз со гол разлика 14:4, тука ги сметаме и пријателските.
Во случај на победа над Норвешка овој биланс ќе биде уште подобар и ќе биде добра основа за идниот период во кој од нашата најдобра репрезентација очекуваме уште подобри резултат.

фото:македонски спорт