Македонија носител во Лигата на нации

Македонската фудбалска репрезентација ќе биде носител во Д групата во УЕФА Лига на нации, која стартува во септември идната година.

Нашата репрезентација влезе во групата на четири најдобро рангирани селекции во Д групата и дојде до 41-та позиција, што е послаб пласман само од Азербејџан.

Само ако биде првопласирана, Македонија ќе влезе во плеј-офот со најдобрите од преостанатите три групи. Ждрепката за првото издание на Лигата на нации е закажана за 24 јануари.

Напоредно со ова натпреварување, избраниците на Игор Ангеловски ќе играат и во квалификациите за Европското првенство кое во 2020 година ќе се одржи низ цела Европа, како одбележување на 60-годишнината од првиот Европски шампионат.