Лавров: Одземањето на дипломатскиот имот, кражба среде бел ден

Американските обиди да се постават предуслови за враќање на рускиот дипломатски имот, одземен во Њујорк и Мериленд, е кражба среде бел ден, изјави рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.

Поранешниот американските претседател Барак Обама нареди одземање на руски дипломатски имот и протерување на 35 руски дипломати во декември минатата година со образложение дека се мешале во претседателската кампања, што Русија го демантира.

Според Лавров анти-руските чувства на САД не значат дека Русија и САД не можат да се согласат околу глобалните проблеми.