Кривична пријава за две лица за кражби на велосипеди и во автомобили

Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против А.В. (18) од Кавадарци и Р.М. (17) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека извршиле 11 кривични дела во серија.

Како што информира денеска МВР, четири кривични дела се „тешки кражби“ во патнички моторни возила, пет кривични дела „тешки кражби во обид“ во патнички моторни возила и две кривични дела „тешки кражби“ на велосипед. На тој начин лицата се стекнале со противправна имотна корист од околу 110.500 денари, а предизвикале и голема материјална штета.

Пријавените ги извршиле кривичните дела на 29 мај 2017 година во периодот од 4 до 6.30 часот во гаражите од зграда на улицата „Димче Мирчев“ бр. 20. Со употреба на соодветен алат, насилно влегле внатре и отвориле вкупно девет возила, додека пребарување извршиле во внатрешноста од пет возила при што пронашле и одзеле околу 500 денари, една кошула, очила, навигациски уред, мобилен телефон и други предмети. Покрај предметите од возилата, пријавените од гаражата одзеле и два велосипеда.

На 17 јуни 2017 година полициски службеници од Единицата за прв одговор и интервенции – Алфа го лишиле од слобода првопријавениот А.В., со кој бил извршен службен разговор во кој го појаснил начинот на извршување на кривичните дела.

– Секторот за внатрешни работи Скопје – Единицата за имотни деликти и малолетничка деликвенција со Одделенијата, презема дополнителни мерки и активности во насока на расчистување на други кривични дела „тешки кражби“ во патнички моторни возила извршени на подрачјето на Град Скопје во затворени паркинг простори и на друг