Клајн надвор од фудбалските терени во наредните три месеци

Фудаблерот на Ливерпул Натаниел Клајн ќе биде отсутен од фудбалскиот терен околу три месеци, откако ќе мора да оди на нова операција на грбот.

26-годишниот фудбалер поради повреда не настапил од подготовките пред стартот на сезона на мечот против Транмере во јули.

Тој продолжи со тренинг во септември, но повторно почувствува болка и мораше да помине со втора хируршка интервенција.

Овој фудбалер се очекува да биде подготвен да се врати на теренот дури во средината на февруари наредната година.