Карваљо ќе потпише за Вест Хем

Играчот кој долго се поврзуваше со Арсенал, ова лето би можел да заврши во редовите на Вест Хем.

Англиските медиуми пренесуваат дека „Чеканите“ испратиле понуда за Вилијам Карвалјо, а истата изнесува 27.1 милиони фунти.

Јувентус беа многу блиску до неговиот потпис, но Спортинг не прифаќаа ништо помалку од 40 милиони евра.Карваљо на неговиот агент Мендеш му потенцирал дека сака да игра во Премиер Лигата.