Инцидент во центарот на Париз, блокирана авенијата Шанзелизе

Во центарот на Париз автомобил удри во минибус на француската жандармерија, при што возачот на автомобилот, кој бил вооружен, е тешко повреден.

Според француски медиуми полицијата ги блокира приодите до Елисејската палата и апелира до жителите на Париз да не се движат по авенијата Шанзелизе.

Инцидентот се случи во близина на Елисејската палата каде претседателот Емануел Макрон за неколку часа треба да има средба со јорданскиот крал Абдула