Данев: Наместо да се откаже од партиските функции, Спасовски назначен за потретседател на СДС

ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција реагираше што Оливер Спасовски е назначен за потпретседател на СДСМ, а истовремено ја извршува и функцијата министер за внатрешни работи.

– Зоран Заев и СДС најавуваа департизација и деполитизација на институциите додека беа во опозиција, а сега ја претвораат државата во алатка на партијата. Оливер Спасовски наместо да се повлече од партиските функции и професионално да ја врши функцијата министер за внатрешни работи, тој е назначен за потпретседател на партијата, истакна Драган Данев.

Тој додаде дека во претходните изборни циклуси СДСМ реагирала дека Гордана Јанкулоска во исто време била министер за внатрешни работи и партиски функционер, а сега го прави истото.

– Ова е само продолжение на обидите на СДС целосно да ги стават под партиска контрола органите на прогон. Првиот чекор беа заканите кон судиите со неуставен реизбор, а вториот иницијатива која ја покрена Зоран Заев за смена на републичкиот јавен обвинител кој го гони за случајот „Поткуп“, рече Данев, повикувајќи ги вработените во МВР, обвинителството и судот да не потклекнуваат на политички притисоци