Гранските синдикати со поддршка за легитимно избраното раководство на ССМ: Го осудуваме антисиндикалниот чин на министерката Царовска

Тринаесет здружени синдикати во ССМ  уште еднаш да изразија поддршката за легитимното раководство на ССМ, за претседателот на ССМ д-р Живко Митревски и секретарот на Советот Методија Димески и го осудуваат насилниот обид за промена на легитимното раководство избрано на 19 Конгрес на ССМ.

-Истовремено сакаме да ја информираме јавноста од името на 50 000 членови кои ги застапуваат овие 13 грански синдикати дека никогаш не била одржана седница на советот на ССМ согласно со статутот и деловникот за работа на советот на ССМ со која се извршила промена на претседателот и секретарот на советот на ССМ. Истакнуваме и потврдуваме дека е фалсификувана документацијата за наводна промена на раководството и потврдуваме дека согласно член 9 т.2 алинеа 2 од статутот на ССМ, претседателството на ССМ никогаш не разгледувало предлог за промена на претседател на ССМ ниту пак согласно член 9 т.2 алинеа 6 од статутот на ССМ претседателството не утврдило дневен ред за совет за да се разгледува промена на раководството на ССМ, велат од гранските синдикати.

Од таму велат дека 13 грански синдикати и 50 000 членови потврдуваат дека ваква седница на советот не била никогаш свикана потврдуваат дека согласно член 4 ст.2 никогаш немало поднесена писмена иницијатива со образложени до советот на ССМ за промена ниту пак ваква иницијатива била предходно разгледувана од страна на претседателството и од страна на синдикатите.

-Тринаесет грански синдикати и 50 000 членство потврдуваат дека никој од делегатите кои согласно член 12 ст.2 од деловникот за работа на советот не пренел заклучоци и одлуки на 13 грански синдикати за промена на раководството на ССМ.13 Грански синдикати и 50 000 членство потврдуваат дека раководството на ССМ и претседателот на ССМ согласно член 7.т.4 алинеа 6 го избра претседателот на ССМ на 19 Конгрес одржан на 21 5 2015 врз основа на одлука бр. 0201-406/5 донесена на 19 конгрес одржан на посочениот датум.13 грански синдикати потврдуваат дека никогаш не била одржана ваква седница на советот на ССМ согласно статутот на ССМ и деловникот за работа, а заради фалсификувањето на исправите, советот на ССМ на својата 5 седница одржана на 28.12.2016 година донесе Одлука со која се исклучени синдикатите на СИЕР,СТУКОЗ, АГРО и УПОЗ, кои правеле обид за насилна промена, фалсификувале документи, а истовремено и донеле одлука со која сите противстатутарни дејствија се прогласени за ништовни од страна на лажно одржаниот совет и е потврден легитимитетот на донесената одлука на 19 конгрес за претседателот на ССМ да биде избран д-р Живко Митрески и донесената Одлука на Совет за избор на Методија Димески за секретар на Советот на ССМ, велат од таму.

Од гранските синдикати велат дека како што е познато во прилог на доказната постапка доставени се известувањата на 13 грански синдикати со кои се потврдуваат овие наводи и која беа една од основите за отворање на кривична постапка и за донесување на наредба на ОЈО за забрана на секаква промена на Претседателот на ССМ. Истите овие основи беа и потврдени и до судските постапки кои ги одбија барањата за промена на в.д. претседател.

-Тринаесет грански синдикати осудувајќи го овој анти синдикален чин на министерката Царовска уште еднаш укажуваат на јавноста дека во никој случај неможат да прифатат историски преседан за промена на легитимно избран претседател , а посебно со замена на раководство и членови на раководство кои повеќе од 10 месеци не се членови во ССМ. Статутот на ССМ јасно укажува дека раководствата можат да се избираат исклучиво од Членови на ССМ а никако од др. лица кои не се членки во ССМ. 13 Синдикати потврдуваат дека легитимитетот на ова раководство на ССМ и на претседателот и Секретарот беше потврдено и од страна на ЕТУЦ и ИТУЦ со над 250 000 000 работници кои дадоа поддршка, изјавија од гранските синдикати.

Од таму велат дека со оглед на сите овие факти поради противзаконското решение на министерката Царовска и поради насилниот обид за упад во автономијата на синдикалното движење и слободен избор на раководства спротивно на Меѓународните конвенции бараме веднаш да се повлече ваквото решение од страна на министерката, а доколку тоа не го направи бараме од Владата на РМ тоа да го направи да ги почитува законите, меѓународните конвенции, наредбата на ОЈО и судските Одлуки.

-Во врска со ова бараме и средба со премиерот и надлежните министри а доколку тоа не биде направено уште еднаш повторуваме заради заштита на автономијата на синдикалното движење ќе бидат превземени и други правни дејствија надвор од Р. Македонија. ССМ очекува дека сепак ќе функционира правната држава и ќе бидат спречени сите овие незаконски дејствија, ќе се обезбеди автономијата на синдикалното движење и дека во идниот период ССМ и социјалните партнери и Владата на РМ ќе се фокусираат на решавање на проблемите и интересите на работниците, велат од таму.