Утрински поглед

Времето во наредните 5 дена

Во петок по свежото утро во текот на денот ќе биде претежно сончево со појава на локална облачност и топло време.
Утринските температури од 5 до 14 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 23 односно до 34 степени.
Во сабота умерено облачно и нестабилно со локални врнежи од дожд и посвежо време.Поинтензивни врнежи се очекуваат во западните и северозападните предели.Минималните од 9 до 18, додека пак максималните од 21 до 32 степени.
Во недела преодна стабилизација на времето, ќе биде претежно сончево време со појава на локална облачност и топло време со дневни температури кои што ќе се движат од 23 до 34 степени.
Нов бран на врнежи се очекуваат во понеделник, кога ќе бидат и поинтензивни, локално се очекуваат да наврнат од 20 до 30 литри. Утринските температури од 9 до 18 степени,додека пак дневните од 20 до 30 степени.