Васка Бојаџи за РСМ: Институцијата Студентски правобранител е пример дека квалитетните институции ја уживаат довербата и овозможуваат заштита на граѓаните

Во денешното редовно издание на емисијата „Концепт со Ина“, авторката на емисијата д-р Иванка Додовска разговараше со Васка Бојаџи, студентски правобранител при Унивезитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Емисијата беше посветена на активностите и на улогата на студентското правобранителство при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Во емисијата се разговараше за заштитата на студентските права, за почетоците на студентското правобранителство при најстариот универзитет во Република Македонија и за соработката помеѓу студентите и академскиот кадар, како и неминовно за сите тековни проблеми и потешкотии со кои  се соочуваат студентите во текот на студирањето. Бојаџи истакна дека: „Од поставувањето на првиот студент правобранител се зголеми бројот на претставките што води до заклучокот дека студентите многу подобро и попријатно се чувствуваат кога од другата страна имаат студент кој на најдобар начин ги разбира нивните проблеми“.

Погледнете ја емисијата