Барселона се врти кон Ериксен

Англискиот фудбалски клуб Ливерпул ја отфрли понудата од 100 милиони евра од Барселона за играчот Фелипе Кутињо, така што Каталонците сега се подготвени за трансфер на Кристијан Ериксен од Тотенхем.

26-годишниот Данец може да чини уште повеќе, откако сопственикот на Тотенхем, Даниел Леви најави дека ќе бара 100 милиони фунти за овој трансфер.

Шпанскиот тим се надева дека ќе ги примора Ливерпул да го продадат Бразилецот, кој наводно веќе доставил барање за трансфер. Ако самиот играч сака трансфер, тешко дека Ливерпул ќе успее да го разубеди.