Анкета „Павел Шатев“: ВМРО-ДПМНЕ во сигурна предност пред СДСМ во пресрет на локалните избори

Во рамките на проектот „Избори 2017“ во кој ќе бидат спроведени и објавени серија истражувања на јавното мислење на национално и на локално ниво, Институтот „Павел Шатев“ ја спроведе втората национална анкета на јавно мислење.
Целта на телефонската анкета спроведена од 9 до 12 септември 2017 година, во која учествувале 1230 испитаници, е да ги утврди перцепциите на македонските граѓани кон повеќе актуелни политички прашања.

На прашањето За кого би гласале доколку има избори следната недела, 26.9% од испитаниците се определиле за ВМРО-ДПМНЕ, а својот глас на СДСМ би му го довериле 18.9% од испитаниците.