Александрова: СЈО работи надвор од законските стандарди, единствен стандард им е реализација на политички нарачаните обвиненија

СЈО е инструмент за политички притисок врз ВМРО-ДПМНЕ. СЈО работи надвор од со закон утврдените стандарди. Единствен стандард е да се реализираат политички нарачаните обвиненија. СЈО се однесува како за него да не важат Уставот и законите на Република Македонија, изјави денес Емилија Александрова од ВМРО-ДПМНЕ.

СЈО работи под политички диктат. Нивна цел е политичко оцрнување на ВМРО-ДПМНЕ во обид да го нарушат рејтингот на партијата во очи на претстојните локални избори. СЈО е единствениот адут во рацете на Зоран Заев, кој има очајно слаб рејтинг помеѓу граѓаните. Тие се фрапирани од неговиот антидржавнички однос. Потпишувањето на договорот со Бугарија, кој во повеќе точки е во спротивност со македонските национални интереси, шверцерскиот начин за протнување на законот за јазиците, партизацијата на државаниот апарат и неспособноста да се справи со секојдневните проблеми на граѓаните се само дел од хаосот и неизвесноста во која Заев и бандата околу него ја туркаат државата, вели Александрова.

Таа додава дека целото делување на СЈО во предизборниот период има за цел уривање на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ, и донесување на власт на СДС кои имаат за задача да ја реализираат антидржавната агенда.

-Случаите ТНТ, Траекторија и другите случаи монтирани случаи насочени кон претседателот Никола Груевски. Катица Јанева сака да создаде слика во јавноста дека Никола Груевски и Зоран Заев се ист профил на личност. Мисли дека криминалецот Зоран Заев нормален и прифатлив за јавноста ако сите останати неосновано ги оцрни. Граѓаните можат да видат дека целата хајка против ВМРО-ДПМНЕ е политичка режија која треба да и одземе гласови на партијата. Јавноста виде дека димната завеса СЈО ја создаваше за да му отвори терен на СДС да го сокрие кршењето на законите на Република Македонија, вели Александрова.

Таа посочува дека СДС и СЈО, и сите прекршители на законите мотивирани или принудени од истите треба да знаат дека по враќањето на власт на ВМРО-ДПМНЕ , ќе бидат ревидирани и исправени сите одлуки на СДС. Со враќањето на правната држава и демократијата во Република Македонија сите криминалци и прекршители на законот ќе одговараат. Сите од прв до последен! За криминилите и антидржавните дејствија кон државата и нејзините граѓани мора да има соодветни санкции.